Кратка Биографија

Блажевска Моника е родена на 13.03.1990 година во Скопје. Средното образование го завршува во уметничкото училиште Лазар Личеноски, потоа дипломира на Европскиот универзитет, факултет за Арт и дизајн, насока “Графички дизајн”.

Учествува на седум групни изложби и две самостојни со модни ревии.

Работи како графички дизајнер. На 25 год, отвара своја галерија со уметнички слики. Во меѓувреме станува препознатлива по цртањето на облека. Изработува рачно насликани портрети на маички, марами, фустани.

Таа за уметноста вели дека најконцизна дефиниција е најопштата – Поимот уметност се однесува на сите креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активности. Поимот уметност не нуди друга вистинска дефиниција освен оние врзани за културниот, историскиот и географскиот контекст во која таа е применета.

Scroll to Top